Берлин

Пратеник од АфД го удирале со летва се додека не се онесвестил (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Франк Магник, пратеник и локален функционер на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), тешко е повреден во „политички мотивиран“ напад од повеќе луѓе во Бремен.

Полицијата од Бремен соопшти дека нападот се случил вчера попладне во центарот на градот.

„Имајќи ја во предвид позицијата на жртвата, веруваме дека се работи за политички мотивиран чин“, рече полицијата. Исто така е наведено дека безбедносните служби одговорни за овој вид на прашања започнале истрага.

АфД објави слика од својот пратеник во бессознание во болнички кревет. Неговото лице на сликата е крваво и отечено, со долг и длабок рез на челото.

Според АфД, Магник бил нападнал од три маскирани мажи. „Го удирале со летва се додека не се онесвестил, а потоа продолжиле да го шутираат“, соопшти АфД, додавајќи дека нападот бил прекинат од градежен работник кој таму се нашол.

Еден од лидерите на АфД, Јерг Мојтен ги обвини напаѓачите дека Магник го „тепале речиси до смрт“ и рече дека е „вознемирен“ поради случајот.

Минатиот четврток, детонација на експлозив во канта за ѓубре тешко ги оштетила просториите на АфД во Саксонија, едно од упориштата на таа десничарска партија, а полицијата и тој напад го оцени како политички мотивиран.

Од изборите во 2017 година, АфД е најголема опозициска партија во Германија. Таа во моментов ужива поддршка од нешто помалку од 15% од граѓаните.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе