Пратеник донесе албанско знаме во парламентот на Србија; Дачиќ: „Не, немаме толеранција“ (ВИДЕО)

Пратеникот на српскиот парламент Шаип Камбери изнесе во српската Скупштина знаме на Албанија покрај знамето на Србија.

Screenshot

На тоа реагираше претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ кој од Камбери побара да го тргне знамето.

„Доколку нема толкава толеранција“, кажа Камбери, а го прекина Дачиќ.

„Нормално дека немаме толеранција за кршење на деловникот, барам од вас да го тргнете знамето“, кажа Дачиќ.

Камбери потоа повторно се јави за збор и кажа дека тоа што се бара од него да го тргне знамето на Албанија е цензура.

„Јас вас најљубезно ве молам да го почитувате деловникот на Народната скупштина и одлуката за внатрешниот ред во која јасно пишува дека е забрането истакнување симболи на партија и странска држава освен во просториите доделени на партиите“, наведе Дачиќ.

Камбери потоа го тргна знамето.

Српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека тоа што Камбери наместо за проблеми расправа за знамето на Албанија, тоа кажува сè.

„Навистина би сакала да зборуваме за поконкретни нешта. Ако вие мислите дека имате право на сопствено знаме и дека е потребно да разговараме за знаме на друга држава, тоа зборува за вас колку мислите дека постојат реални проблеми за албанското население во Прешево и Бујановац“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе