Пратениците на албанската опозиција поради премиерот дадоа оставки во парламентот

Пратениците на албанската опозиција од десниот центар решија денес да поднесат оставки во парламентот во знак на протест против социјалистичкиот премиер Еди Рама кого го обвинуваат за корупција.

„Пратениците на Демократската партија како и нивните сојузници решија да дадат оставки на своите должности. Оваа влада манипулираше со резултатите на парламентарните избори во јуни 2017 и вмешана е во криминални афери и во корупција“, изјави Љуљзим Баша, лидерот на партијата.

Демократската партија повика минатата недела на протест кој во саботата беше одржан во многу напната атмосфера. Нов собир на кој ќе се бараат оставка од Еди Рама и предвремени избори најавен е за четврток.

Демократската партија и нејзините сојузници имаат 44 пратеници од 140 во албанскиот парламент, а владејачката Социјалистичка партија 78. Рама кажа дека опозицијата презема „очајнички мерки“.

Албанија се надева дека годинава ќе ги почне пристапните преговори со Европската Унија, но од земјата со 2,8 милиони жители се бара да оствари поголем напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе