Пратеници во Хонг Конг предизвикаа инцидент во парламентот поради Тјананмен

Полицијата и пожарникарите денес влегоа во парламентот во Хонг Конг, откако двајца про-демократски пратеници испрскаа смрдлива течност, во знак на протест против масакрот на плоштадот Тјананмен пред 31 година, со што е прекината седницата за законот со кој се сака да се криминализира непочитувањето на кинеската химна.

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Пратениците Еди Чу и Реј Чан за време на расправата за контроверзниот закон со кој би се криминализирало непочитувањето на кинеската химна, испрскале смрдлива течност, по што обезбедувањето ги отстраниле.

По инцидентот полицијата и пожарникарите пристигнале во парламентот.

„Смртоносна држава засекогаш смрди. Она што го направивме денес е да го потсетиме светот дека никогаш не треба да им ги прости на Кинеската комунистичка партија убиствата на своите луѓе пред 31 година“, рече Чу, пред тој и Чан да бидат отстранети од парламентот.

Конечно гласање за законот се очекува подоцна во четврток, додека луѓето ширум Хонг Конг со палење свеќи се обидуваат да го одбележат масакрот на плоштадот Тјананмен во 1989 година со кој кинеската партија го скрши продемократскиот протест, во времето на распаѓање на комунистичките режими во источна Европа.

На жителите на Хонг Конг вообичаено им е дозволено да го одбележат Тјананмен во Викторија парк, но оваа година е забрането поради пандемијата на коронавирусот.

Пропекиншки ориентираните пратеници ги блокираа повеќето амандмани на законот за химната, предложени од про-демократските пратеници.

Ако законот се донесе, лицата кои ќе ја навредат химната ќе бидат казнети со казна до три години затвор и/или ќе бидат казнети со казна до 50.000 хонгконгшки долари (околу 355.000 денари).

Во законот се вели дека „сите поединци и организации“ треба да ја почитуваат и да се однесуваат со дигнитет кон државната химна и да ја изведуваат и пеат во „соодветни прилики“.

Кинескиот парламент минатата недела изгласа продолжување на процедурата за донесувањето закон за национална безбедност, кој според про-демократските активисти и дипломати, може да ја поткопа автономијата на Хонг Конг и неговиот статус на финансиски центар на Азија.

Според законот, забранети би биле активностите чија цел е соборување на кинескиот суверенитет над Хонг Конг.

Овој потег беше остро осуден од Соединетите Држави, Велика Британија, Австралија и Канада, а Пекинг вели дека не ја нарушува автономијата на Хонг Конг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе