Бурна расправа во собранието

Пратеничка го гаѓаше Рама со чевел во албанскиот парламент (ВИДЕО)

Пратеничката на Движењето на социјалистите за интеграции, Моника Кријемади се обиде да го погоди со чевел премиерот Еди Рама, за време на бурната расправа која претходеше на гласањето за нов државен обвинител на Албанија, јавуваат тиранските медиуми.

Рама со чадор го заштити обезбедувањето, кое претходно во неколку наврати на сличен начин го заштити и претседателот на парламентот Иљир Мета, кого опозициските пратеници го гаѓаа со хартии.

Пратениците на опозицијата во собраниската сала активираа и неколку димни бомби, а полицијата за време на седницата се судри со демонстранти пред зградата на парламентот во центарот на Тирана.

Арта Марку е избрана за привремен државен обвинител со 69 гласови на владејачката Социјалистичка партија.

Двајца пратеници беа против, двајца се воздржаа од гласање, а пратениците на опозицијата го бојкотираа гласањето.

„Ова е почеток на народно востание“, изјави лидерот на главната опозициска Демократска партија Љуљзим Баша.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе