Вашингтон

Сервер: Прашањето на членството на Косово може да се реши за еден час – доколку Србија се согласи

Професорот на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс Даниел Сервер смета дека претседателот на косовската влада Аљбин Курти нема да го менува пристапот на Косово кон Србија.

Сервер по повод годишнината од прогласувањето на независноста на Косово оцени дека „нема многу земји кои постигнале повеќе за време на дванаесетте години постоење“.

„Премиерот Курти јасно покажа дека ќе бара односите со Србија да бидат засновани врз реципроцитет. Не сум сигурен дека Белград е спремен на тоа, иако мислам дека Курти има право да го бара. Не очекувам значителни придвижувања во односите на двете страни до завршувањето на априлските парламентарни избори во Србија“, смета Сервер.

На прашањето дали е ова годината во која Косово ќе стане членка на Обединетите нации, Интерпол и Унеско, Сервер кажа дека тоа е „прилично неизвесно, имајќи го предвид противењето на Србија и Русија“.

„Прашањето со членството во Интерпол и Унеско може да биде решено за еден час – доколку Србија се согласи. Мислам дека би требало да го направи тоа. Кога станува збор за Обединетите нации, тоа е многу потешко прашање бидејќи, независно од Белград, Москва тоа ќе се обиде скапо да го наплати од Вашингтон. Што Вашингтон нема да сака да го направи“, вели Сервер.

По повод годишнината од прогласувањето независност, Сервер смета дека нема многу земји кои постигнале повеќе за време на 12 години постоење.

„Медиумите на Косово се главно слободни. Уставниот суд демонстрира самостојност во однос на останатите гранки на власта. Цивилниот сектор е развиен, како и опозицијата. Забележан е раст во економската сфера – имајќи го предвид послабиот напредок во Европската Унија“, смета американскиот експерт за Балканот.

Тој ја детектира корупцијата како еден од најголемите проблеми на современо Косово, со кој, како што вели, се мачат и другите држави од западниот Балкан.

„Нетранспарентните државни набавки и непотизмот изгледаат како најголемиот проблем на косовското општество. Очекувам новата косовска власт на тој проблем да му се посветат максимално – за да ги елиминираат привилегиите кои ги воведоа нивните претходници додека беа на државните функции“, заклучи Сервер.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе