Прајд во Берлин, ЛГБТ знамиња и на зградата на Бундестагот (ВИДЕО)

Долниот дом на германскиот парламент Бундестагот за прв пат го подигна знамето со боите на виножитото, кое ја симболизира ЛГБТ заедницата, залагајќи се за толеранција.

Фото: ЕПА

Од саботата наутро знамето со боите на виножитото се вее на југозападната кула на германскиот парламент.

Уште две знамиња со боите на виножитото се подигнати пред источниот и западниот влез на зградата.

Поводот е Берлин прајд, најголемиот уличен ЛГБТ собир во Европа, на кој организаторите очекуваат до 500.000 учесници.

Во април, министерство за внатрешни работи даде дозвола знамето со боите на виножитото да биде поставено пред официјалните сојузни згради или да се истакнува на нив во одредени прилики.

Претседателката на Бундестагот Барбел Бас најави подигање на знамето на зградата на Рајхстагот во јуни и објасни дека тоа уште еднаш значително ќе придонесе за видливоста на отворениот однос кон различностите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе