Олег Соколов

Познат руски историчар призна дека си ја распарчил љубовницата, фатен со делови од женско тело во торбата

Познатиот руски историчар Олег Соколов е уапсен во Санкт Петербург за убиство, откако бил извлечен од река со ранец во кој имало две женски раце.

Соколов пијан паднал во реката Мојка додека се обидувал да се ослободи од деловите на телото, јавуваат локалните медиуми.

Потоа полицијата отишла во неговиот стан каде што открила распарчено тело на 24-годишна жена, негова поранешна студентка и љубовница.

Професорот Соколов, кој работеше на државниот универзитет во Санкт Петербург, е голем експерт за Наполеон и е почестен со највисокиот француски медал - Легијата на честа, кој го воспоставил самиот Наполеон Бонапарта во 1802 година.

Неговата жртва е Анастасија Јешченко, со која Соколов заедно напиша низа трудови и со која живееше.

Полицијата соопшти дека 63-годишниот маж е спасен од реката Мојка и е уапсен под сомнение за убиство. Официјални лица потврдија за новинската агенција Франс прес дека станува збор за Соколов.

„Тој ја призна вината“, рекол адвокатот Александар Почујев за Франс прес, додавајќи дека Соколов се кае за тоа што го сторил и дека сега соработува со полицијата.

Соколов, наводно, изјавил во полиција дека во расправија ја убил својата љубовница и ѝ ги отсекол главата, рацете и нозете.

Рекол и дека планирал да се ослободи од деловите од телото пред јавно да изврши самоубиство облечен како Наполеон.

Соколов има напишано неколку книги за Наполеон и соработуваше како советник за историски работи на повеќе филмови.

Тој беше и член на Францускиот институт за општествени науки, економија и политика (Исеп), кој во саботата соопшти дека го отстранил од позицијата во Научен комитет.

„Ужасени сме... од злосторството за кое е виновен Олег Соколов“, се вели во соопштението. „Не можевме да замислиме дека тој би можел да стори такво ужасно злосторство“.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе