Украина

Пожарот се приближи до нуклеарната централа во Чернобил, радијацијата расте

Пожарот се приближува кон магацинот во кој има најмногу радиоактивен отпад во чернобилската зона во која се случи катастрофата во 1986 година.

Пожарот во контаминираната област на Чернобил во северна Украина во понеделникот стигна до градот Припјат, објави Јарослав Емељаненко, член на Државната агенција за управување со зоната на исклученост на Украина.

Пожарот се приближува кон складиштето Подлесни, во кое се наоѓа најмногу радиоактивен отпад во чернобилската зона, рече Емељаненко.

Во исто време, растат нивоата на радијација во близина на пожарот, а чадот се шири низ околните региони. Ветерот го оддувуваше чадот кон руралните области на Русија и Белорусија, но викендов го смени правецот кон украинскиот главен град Киев.

Емељаненко го повика украинскиот претседател Владимир Зеленски да преземе мерки против пожарот, кој избувна на 4 април на подрачје од 20 хектари во Чернобил.

Првичните информации посочуваат дека пожарот може да зафати површина до 100 хектари.

Експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година и е една од најголемите нуклеарни катастрофи во светот, од која последиците ги почувствуваа неколку милиони луѓе.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе