Пожарникар во Австралија подметнувал пожари. Противпожарната служба: Тоа е крајно предавство

Австралиски пожарникар волонтер е обвинет за намерно подметнување пожари за време на огнената стихија што неодамна ја разори Австралија.

Полицијата уапси 19-годишен маж за седум пожари во област јужно од Сиднеј, Нов Јужен Велс.

Локалните противпожарни оддели ги опишаа неговите наводни акции како „крајно предавство“.

Полицијата соопшти дека го уапсила по истрага за дел од пожарот за кој се сметало дека е намерно предизвикан од октомври. Вчера во околината забележале маж како седи во својот автомобил покрај река, а наскоро потоа виделе чад и еден куп запалени дрвја и трева.

Кога била повикана противпожарната служба, полицијата го забележала истиот човек како доаѓа да го гасне пожарот.

Набргу потоа бил уапсен и е предвидено денес да се појави на прелиминарно сослушување на суд.

Повеќе од 120 пожари сè уште горат низ австралиската држава Нов Јужен Велс. Официјалните лица предупредуваат дека најлошата сезона допрва доаѓа.

За време на пожарите што го пустошеа источниот брег на Австралија од септември, шест лица загинаа, а повеќе од 650 куќи изгореа.

Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс за себе вели дека е најголемата доброволна противпожарна служба во светот. Повеќето членови се обучени волонтери.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе