И покрај интервенцијата на воздухопловните сили

Пожарите во Сибир јакнат и се шират, ситуацијата се претвора во еколошка катастрофа (ВИДЕО)

Пожарите во Сибир не се намалуваат, туку стануваат сѐ појаки и сѐ повеќе се шират и покрај интервенцијата на руските воздухопловни сили, предупреди Гринпис Русија.

Групата за заштита на животната средина наведува и дека областа на шумските пожари во Сибир и понатаму се шири, иако гувернерот на Краснојарск Александар Ус тврди дека во неговиот регион дошло до радикален пресврт во борбата против пожарите.

Експертот за пожари на Гринпис Антон Бенеславски истакна за Јуроњуз дека големината на пожарот е толкава што сега е тешко да се контролира.

Тој додаде дека ситуацијата може да биде потенцијално опасна за локалното население, бидејќи пожарите би можеле неконтролирано да тргнат кон населените области.

Дури и од далеку, изложеноста на чадот може да претставува опасност по здравјето, вели експертот.

Минатата недела руското министерство за одбрана соопшти дека неговите воздухопловни сили во четири дена изгасиле пожари на 753.000 хектари во Сибир, додека еколозите веќе ги опишуваат пожарите како еколошка катастрофа.

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ нареди во средата на руската војска да учествува во гасењето на пожарите во Сибир.

„Стотици луѓе се погодени од ефектите на чадот“, кажа заменик министерот за вонредни ситуации Алексадар Чупријан, кој денес пристигна во регионот Иркутск за координација на операциите на гасење на пожарот.

Вонредна состојба е прогласена во пет региони како одговор на пожарите во кои изгореа над милион хектари шума, а најтешко се погодени регионите Јакутија и Краснојарск.

Додека еколозите го опишуваат настанот како „еколошка катастрофа“, руските власти заземаа помалку драматичен пристап – руската федерална агенција за шумарство наведе минатата недела дека пожарите не претставуваат „закана за човечките населби и економските објекти“ и дека предвидените трошоци за нивно гасење ја надминуваат проектираната штета која може да ја предизвикаат.

Повеќе од милион луѓе досега потпишаа петиција да се прогласи вонредна состојба на целата територија на Сибир и да се направи повеќе за гасење на пожарите.

Шумските пожари резултираат со намалување на нивото на подземните води и можен недостиг од вода за пиење, предизвикуваат респираторни тешкотии кај луѓето и животните и ги загрозуваат различните видови флора и фауна, се наведува во петицијата.

Во меѓувреме, корисниците на социјалните медиуми кои живеат во градовите зафатени со чадот објавуваат содржини кои ја покажуваат лошата видливост и зборуваат за тешкотии со дишењето.

Пожарите во тајгата беснеат секоја година, но ова лето достигнаа невидена големина и сила.

Сибирските пожари испуштаат повеќе од 166 метрички тони јаглерод диоксид – речиси исто колку што испуштаат 36 милиони автомобили годишно.

Пожарите во сибирските шуми се особено опасни за климата бидејќи се извор на црн јаглен кој се таложи на арктичкиот мраз и го забрзува неговото топење, истакнува Гринпис Русија.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе