Пожарите во Грција неконтролирано се шират, загина пожарникар (ВИДЕО)

Две лица загинаа, меѓу кои и пожарникар, додека пожарите низ цела Грција неконтролирано се шират.

Фото: ЕПА

Огромни облаци од чад се извишуваат над северните периферии на главниот град Атина, каде луѓето се повикани да ги напуштат своите домови.

Пријавени се повеќе од 150 пожари. За шест области е прогласена висока готовност.

Грција, како и многу делови на Европа, се бори со екстремни временски услови. Премиерот рече дека топлотниот бран ја претвори земјата во буре барут.

Стотици пожарникари се обидуваат да ги стават пожарите под контрола со речиси 20 авиони за гасење пожари. Дополнителни пожарникари и авиони се испратени од други земји, вклучувајќи ги Франција и САД.

Разнесени од непредвидливите ветрови, најлошите пожари се околу северот на Атина. 38-годишен пожарникар доброволец загинал кога столб за електрична енергија во предградието на градот паднал врз него.

Другата жртва е претседателот на Стопанската комора во Атина, Константинос Михалос. Тој бил пронајден во несвест во фабрика близу до местото каде што беснеел пожар. Други 20 лица се повредени.

Пожари беснеат и на блискиот остров Евија и области близу до древната Олимпија каде се одржале првите Олимписки игри.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе