Пожарите што ја пустошат Австралија се видливи и од вселената (ФОТО+ВИДЕО)

Австралија сè уште гори. Пожарите се видливи дури и од вселената.

Вчера беше прогласена вонредна состојба по должината на поголемиот дел од источниот брег, а жителите во високо ризичните области властите ги повикаа да се евакуираат заради претстојните „катастрофални“ пожари.

Во Сиднеј, најнаселениот град во земјата со повеќе од 5 милиони жители е прогласена „катастрофална опасност од пожар“.

Денешната температура од 37 Целзиусови степени, во комбинација со силни ветрови, би можеле да создадат смртоносни услови.

„Акцентот е ставен на заштита на животот, имотот и обезбедување колку што е можно поголема безбедност за сите“, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Бериџиклиан.

Властите истакнаа дека дури ни домовите отпорни на пожари нема да можат да издржат катастрофални услови и повеќе од 100 училишта ќе бидат затворени.

Во шумските пожари кои хараа во Нов Јужен Велс и Квинсленд, загинаа три лица и се уништени повеќе од 150 домови.

Властите очекуваат денешните неповолни временски услови, жештината и ветерот да достигнат невидени размери.

Шумските пожари се честа и смртоносна закана за време на жешките и суви лета во Австралија, но сегашните пожари многумина ги изненадија.

„Сите треба да внимаваат без оглед каде се наоѓаат и сите треба да го претпостават најлошото. Не можеме да си дозволиме да се опуштиме“, додаде Бериџиклиан.

Пожарите имаа погубно влијание и врз дивите животни во Австралија. Се проценува дека страдале околу 350 коали.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе