Пожари беснеат околу Сиднеј, издадено највисоко ниво на закана: „Доаѓа катастрофа“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се наоѓаат на патот на смртоносните австралиски пожари кои створија облаци чад видливи дури од Нов Зеланд. Во австралиската покраина Нов Јужен Велс е прогласена седумдневна вонредна состојба, а силните ветришта, високите температури и ниската влага ги примораа пожарникарските служби да објават „катастрофално“ предупредување за поширокиот регион на Сиднеј.

Станува збор за највисокото ниво на закана кога било издадено за Сиднеј според актуелниот систем за тревожење воведен во 2009 година. во градот живеат околу 4,6 милиони луѓе, но најголемиот ризик од пожарите лежи во руралните области надвор од градското јадро. Тие ги вклучуваат пошироките области на Хантер, Илавер, Шолхејвен, за кои исто така е издадено највисоко ниво на предупредување.

„Домовите кои се спевијално дизајнирани за да ги издржат пожарите на ниските растенија не се отпорни на катастрофалните услови. Катастрофални се оние услови при кои се губат животи, таму каде што луѓето умираат. Ризикот е апсолутно реален“, кажа Шејн Фицсимонс, пожарникарски комесар за Нов Јужен Велс.

Од денес попладне низ Нов Јужен Велс беснеат повеќе од 70 пожари. Забраната за палење и ложење е на сила и утре, со намера луѓето да се спречат во поставување отворени огнови и вршење активности кои би можеле да предизвикаат пожар, како заварување или брусење. На престапниците им се закануваат казни од околу 2.200 австралиски долари (околу 1.500 американски долари). Стотици училишта во ризичните делови ќе бидат утре затворени.

Австралија минува низ една од најтешките суши во последните децении. Топлото и сушно време создаде големо количество гориво за пожарите, кои ги разгоруваат силните ветришта.

„Во катастрофалните околности секогаш може да се очекува најнеобично однесување на пожарите. Несомнено е дека активности можат да се забележат и повеќе од 20 километри по главната огнена стихија“, изјави Фицсимонс, мислејќи на новите пожари.

Со катастрофалната закана се повикуваат луѓето на време да се евакуираат. „За вашето преживување правовременото заминување е единствената опција“, се наведува во предупредувањето. Досегашната штета е значителна. Три лица загинаа во пожарите, а изгубени се и над 100 домови. Се проценува дека во пожарите настрадале 350 коали, а десетина се лекуваат од повреди.

Сателитските снимки покажуваат дека димот се провлекува 4.000 километри преку Тасманиското Море сѐ до новозеландскиот Јужен Остров.

Во последните години пожарите во Австралија се случуваат сѐ почесто, почнуваат порано во сезоната и се шират со поголем интензитет. Експертите тврдат дека причина за тоа се климатските промени. Огновите кои во моментот го пустошат истокот на земјата го свртеа вниманието на предупредувањата кои поранешно пожарникарски функционери ги дадоа на почетокот на годината. Тие ја повикаа владата да прави повеќе во борбата со последиците од климатските промени.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе