Пожари беснеат низ Австралија, толку се силни што го менуваат времето (ВИДЕО)

Австралиските власти јавуваат дека низ сојузната држава Нов Јужен Велс горат „невиден“ број пожати, пренесува Би-би-си.

Низ наведена сојузна држава беснеат повеќе од 90 пожари.

Многу од нив се во области зафатени со суша, а нивната разорност е засилена со налети на ветер и жештина која достигнува до 35 Целзиусови степени.

Јавено е дека во одредени области луѓе се заробени во сопствените домови, а итните служби не можат да дојдат до нив поради силината на огнот.

На многумина им се советува да побараат засолниште бидејќи сега е предоцна за бегање.

На терен се над 1.000 пожарникари и 70 канадери, а комесарот за пожарникарските служби Шејн Фицсимонс кажа дека за време на својот работен век не бидел волку пожари кои се истовремено на ниво на итни случаи.

Освен во Нов Јужен Велс издадени се и итни предупредувања поради пожари во сојузните држави Квинсленд и Западна Австралија.

Сепак, најтешко погодена е државата Нов Јужен Велс, а пожарникарите од септември во тој регион изгасиле стотици пожари.

Минатиот месец во пожар загинаа две постари лица, а минатата недела огнот уби стотици коали во засолниште.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе