Пожар зафати зграда во Лондон, уништени 20 стана (ФОТО+ВИДЕО)

Пожар вчера зафати зграда во источен Лондон, при што се уништени дваесет стана, а десет се сериозно оштетени.

Пожарот околу 15:30 по локално време се проширил на шест ката во станбен блок на улицата Де пас гарденс. Околу 100 пожарникари го гаселе огнот повеќе од два часа. Бил угасен во 18 часот.

Маж и жена биле третирани на местото на настанот поради последици од вдишување чад, а засега нема информации за други повредени лица.

Станарка на зградата рече дека и претходно поставувала прашања за тоа колку се безбедни дрвените балкони на зградата.

„Бев во мојот стан на четвртиот кат кога почна огнот, сите истрчавме надвор“, додаде таа.

„Им рековме дека еден ден ќе се случи пожар. За нашите дрвени балкони ги предупредувавме градежната компанија, фирмата што ја одржува зградата и Градскиот совет“, рече таа.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе