Пожар во зградата на Светскиот трговски центар во Хонг Конг, заробени над сто луѓе (ВИДЕО)

Повеќе од сто луѓе се заробени на покривот на зградата на Светскиот трговски центар во Хонг Конг по избувнувањето пожар, јавуваат локалните медиуми.

Фото: скриншот

Најмалку две лица се повредени.

Во акцијата за спасување која е во тек се евакуирани повеќе лица. Според медиумите, на врвот на зградата останале блокирани купувачи и гости во ресторанот.

Пожарот избувнал нешто по пладне по локално време.

Полицијата соопшти дека 60-годишна жена е хоспитализирана поради вдишување чад.

Зградата на Светскиот трговски центар има 38 ката и се наоѓа во популарната трговска област Козвеј Беј.

 

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе