Пожар во зградата на јужноафриканскиот парламент, го гасат повеќе од 30 пожарникари (ВИДЕО)

Во зградата на јужноафриканскиот парламент во Кејп Таун денеска избувна пожар, а медиумите јавуваат дека покривот на зградата е во пламен и од далеку се гледа облак од чад.

Фото: скриншот

Пожарот избувнал на третиот кат од зградата, а првите извештаи сугерираат дека избувнал во канцеларискиот простор и се проширил во салата, изјави Жан-Пјер Смит, член на одборот на градоначалникот на Кејп Таун одговорен за безбедноста.

Се запали покривот, а гори и зградата на Националното собрание, рече Смит. На телевизиските снимки се гледаат пожарникарите на местото на настанот. Смит рече дека има шест противпожарни возила и 36 пожарникари.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе