Пожар во руски магацин за муниција крај украинската граница, евакуирани се две села

Жителите на две села на југот на Русија, во близина на украинската граница, се евакуирани откако изби пожар во магацин за муниција, но никој не е повреден, соопшти локалниот функционер.

Скриншот Јутјуб

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белогородската област, соопшти дека итните служби ја истражуваат причината за пожарот кој се случил во близина на населбите Тимоново и Солоти, 15 километри од границата со Украина. Не наведе детали.

Популарен украински портал објави снимка од голем пожар во воена база. Ројтерс не можел да провери дали е автентична.

Русија во вторникот обвини саботери за низата експлозии во магацин за муниција на Крим. Минатата недела имаше експлозии во воздухопловна база на Крим, за што Москва кажа дека било несреќа. Во и околу Белгород во последните месеци се случија низа експлозии за кои Гладков ги обвини украинските сили.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе