Пожар во луксузен хотел во Атина, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку три лица се повредени во пожар што изби во еден луксузен хотел во главниот град на Грција.

Локалните власти соопштија дека пожарникарите евакуирале вкупно 20 луѓе од хотелот.

Пожарникарите користеле скали за да помогнат во евакуацијата на зградата.

Како што се наведува, не е познато која е причината за пожарот, како ни колку луѓе имало во хотелот во моментот на избивањето.

Пожарникарската служба соопшти дека 35 пожарникари, со 12 возила, успеале огнот да го стават под делумна контрола.

Чадот можел да се види на повисоките катови на хотелот, а пожарникарите успешно ги евакуирале гостите и вработените, пренесува Асошиејтед прес.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе