Пожар во ковид-одделение во Бугарија, загинаа тројца

Тројца пациенти го загубија животот откако рано утринава избувна пожар во болница во јужниот бугарски град Сливен, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Пожарот, кој брзо бил ставен под контрола, избувнал нешто по полноќ и зафатил една болничка соба. Шест пациенти од соседните соби се евакуирани во другите делови на болницата, изјави регионалниот началник на противпожарната служба Владимир Демирев.

Пожарникарите пронашле двајца мртви пациенти, додека третиот добил тешки изгореници и бил префрлен во друга болница, каде што подоцна починал.

Причината за пожарот сѐ уште се истражува, но најверојатно е предизвикан од цигара запалена од еден од пациентите, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во Бугарија има повеќе од 8.000 пациенти, вклучително и 700 на одделенијата за интензивна нега, додека земјата денеска ги одржува третите парламентарни избори оваа година.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската Унија и една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 во ЕУ, со рекорден број дневни случаи на заразени регистрирани во текот на октомври.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе