Пожар во џамијата Ал Акса на Ридот на храмовите во Ерусалим (ВИДЕО)

Една од структурите во џамијата Ал-Акса во Ерусалим се запали во понеделникот вечерта, во исто време кога огромен пожар ја голташе катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарот беше изгасен брзо и нема штета, ниту повредени.

Пожарот избувна во стражарската соба на покривот на Собата за молитви Марвани, објави новинската агенција Вафа, истакнувајќи дека „противпожарната бригада на Исламскиот вакаф успешно се справи со ова прашање“.

На снимките објавени на социјалните медиуми се гледа како чадот се извива од врвот на Собата за молитви Марвани, позната и како Соломонски штали, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пламенот на врвот на Ридот на храмовите, третото најсвето место во исламот што е во центарот на арапско-израелскиот конфликт.

Додека причината за инцидентот допрва треба да се утврди, шеикот Азам ал-Катиб, генерален директор на Одделот за ерусалимскиот Вакаф и Ал Акса, навести дека огнот можеби го предизвикале деца што биле видени како си играат во оваа област.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди никој да не ја напаѓа светата локација, истакнувајќи ја потребата да се зачува „големата верска и хуманитарна вредност“ на комплексот.

Не е забележана внатрешна штета ниту жртви, а инцидентот беше засенет од пожарот во Нотрдамската катедрала во Париз, кој уништи голем дел од покривот на готската катедрала пред пожарникарите да го скротат пламенот, спасувајќи ги преостанатите две кули и делови од внатрешноста на легендарното француско обележје.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе