Пожар на ирански танкер наводно предизвикан од дрон, загинаа три лица

Пожарот на иранскиот танкер кај рафинеријата Банијас во Сирија е изгаснат, а се сомнева дека е предизвикан од напад со беспилотно летало, објави невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права (СОХР).

Screenshot

Три лица загинаа, додаде истото здружение.

СОХР со седиште во Лондон, се потпира на голема мрежа извори во Сирија, но не може да го потврди потеклото на нападот за кој никој не презеде одговорност.

„Иранскиот танкер кој пристигна од Иран беше усидрен недалеку од пристаништето Банијас за време на нападот“, рече директорот на СОХР, Рами Абдел Рахман.

„Најмалку тројца Сиријци се убиени, од кои двајца членови на екипажот“, рече Рахман, кој не може да потврди дали станува збор за израелски напад или не.

Според иранската телевизија, се работи за еден од трите ирански танкери со залихи кои неодамна пристигнале на сирискиот нафтен терминал. Наводно две ракети предизвикале материјална штета. Во сирискиот крајбрежен град Банијас се наоѓа рафинерија која заедно со онаа во Хомс ја покрива побарувачката за дизел, гориво за греење, бензин и други нафтени деривати, велат експертите од индустријата.

Сирија зафатена од војна зависи од испораките со гориво од Иран, кој, пак, е под западни санкции и Сирија страда од недостиг.

Телевизијата Ал-Мајадин, наклонета на сирискиот претседател Башар ал-Асад, соопшти дека израелски дрон е осомничен за нападот. Ова е прв напад од ваков вид од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, според сириската невладина организација СОХР.

Исламската Република Иран е сојузник на режимот на Асад, но непријател на Израел. Израел периодично напаѓа иранските позиции во Сирија. Пред десет дена, Иран го обвини Израел за саботажа во нуклеарната централа Натанц, во која збогатува ураниум. Израелската војска не даде коментар за пожарот.

Западни и регионални разузнавачки извори објаснуваат дека Израел се почесто напаѓа ирански цели, вклучувајќи сомнителни центри за производство на оружје во Сирија, со цел да го запре военото ширење на својот најголем непријател во регионот.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе