Индија

Пожар ја зафати најголемата фабрика за производство на вакцини во светот (ВИДЕО)

Голем пожар изби во индиската фабрика Институт Серум (СИИ), најголемиот произведувач на вакцини во светот, но пожарот нема да влијае на производството на вакцините против коронавирусот.

EPA-EFE

СИИ ја произведува вакцината која ја направија Универзитетот Оксфорд и Астра Зенека за индискиот пазар и уште некои земји, а компанијата се подготвува да ја произведува и вакцината на американската компанија Новавакс, јавува Ројтерс.

Пожарникарите од западноиндискиот град Пуне, каде што е седиштето на СИИ, кажаа за Ројтерс дека на лице место биле испратени пет возила за гасење пожар.

Засега нема извештаи за жртви, ниту за причината за избивањето на пожарот, а од СИИ сè уште нема коментар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе