Историскиот симбол на Окинава

Пожар го уништи древниот јапонски дворец Шури (ФОТО+ВИДЕО)

Пожар уништи поголем дел од дворецот Шури на јужниот јапонски остров Окинава, соопштија денес агенциите, додавајќи дека славниот замок, кој е главна туристичка атракција на островот се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО.

Дрвениот дворец Шури бил изграден пред повеќе од 500 години како средновековна резиденција на династијата Рјукију. Ова независно кралство било анексирано од Јапонија во 1879 година.

Пожарот уништи седум главни структури на дворецот на 4800 квадратни метри.

„Шокирани сме. Историскиот симбол на Окинава изгоре“, рече градоначалничката Микико Широма.

Дворецот Шури е сместен на врв на еден рид со поглед на градот Наху, опкружен со бедеми, самиот дворец и околните зданија се со силна црвена боја и особено препознатлив е накосениот покрив.

Дворецот повеќе пати бил уништуван во пожари, а потоа повторно бил обновуван, последен пат бил разорен во битката за Окинава во 1945 година.

По Втората светска војна, служел како универзитетски кампус до средината на 1970-тите. По неговата реставрација, бил отворен како дел од Националниот парк во 1992 година. Во 2000 година бил вклучен во списокот на светско наследство.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе