Истанбул е воена зона

Повторно жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)

Илјадници протестанти се обидуваат да се вратат на плоштадот Таксим, кој од вчераутро го контролира полицијата, но безуспешно. Полицијата сега користи солзавец, водени топови, но и „шок-бомби“. Градските власти, како и државните, на чело со премиерот Ердоган, најавиле уште пожестоки полициски акции сѐ додека плоштадот не биде целосно расчистен од демонстранти.

„Не му приоѓајте на плоштадот“, гласи повикот на градоначалникот на Истанбул Авни Мутлуа до обичните, мирните граѓани со ветување дека полицијата работи на воведување на мирот сѐ додека маргиналните бунтовнички елементи не бидат отстранети.

„Полициската акција ќе трае сѐ додека на плоштадот не се вратат обичните граѓани, шетачите“, кажал градоначалникот. Вчера во 19 часот започнал најжестокиот судир меѓу полицијата и демонстрантите досега, но откако биле разместени водените топови, демонстрантите се повлекле на околните улици.

Да потсетиме, турската полиција утринава влезе на плоштадот Таксим, на кој веќе речиси две недели се одржуваат антивладини протести и во кои учествуваат неколку десетици илјади луѓе. Стотиците полицајци користеа солзавец и водени топови за да ги растераат активистите од плоштадот, јави Би-би-си. По неколку часа, полицијата ја презеде контролата врз плоштадот.

Ердоган: Сега е доста

Турскиот премиер Ердоган ги повика демонстрантите да го напуштат паркот Гези во Анкара. „Тоа не е место за демонстрации, туку за прошетки“, порача тој во говорот во парламентот во Анкара, често прекинуван со аплауз. Тој истакна дека протестите веќе однеле четири животи.

Ердоган, според турските медиуми, утре треба да се сретне со претставници на демонстрантите, но истовремено порачал дека турската влада има свои граници, кои нема да ги премине.


Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе