Повторно забележано рекордно ниво на стакленички гасови во атмосферата

Количината на гасови што ја задржуваат топлината во атмосферата во текот на изминатата година достигна нов рекорд, објави денес Светската метеоролошка организација (ВМО).

Концентрацијата на јаглерод диоксид (CO2), што се смета за најодговорен за ефектот на глобалното затоплување, достигна високи 407,8 честички на милион.

Генералниот секретар на ВМО, Петри Талас рече дека немало толку висока концентрација на честичките во отприлика три до пет милиони години.

„Потсетувам дека тогаш температурата била повисока за два до три степена, а морското ниво било 10 до 20 метри повисоко отколку што е денес“, додаде тој.

Метанот, уште еден стакленички гас, се искачи на нови високи вредности, и изнесува 259 проценти од нивото забележано пред почетокот на индустриската револуција во 19 век.

Концентрациите на азотниот оксид се искачија на 123 проценти од пред-индустриското ниво.

Од 1990 година, ефектот на загревање на стакленички гасови е зголемен за 43 проценти, објави ВМО.

„Нема индикации за застој, а камоли за пад на концентрациите на стакленичките гасови во атмосферата и покрај сите заложби направени според Парискиот климатски договор“, истакна Талас и додаде: „Треба да го зголемиме нивото на амбиција заради идната благосостојба на човештвото“.

„Науката е јасна. Без брзото намалување на јаглеродниот диоксид и останатите стакленички гасови, климатските промени ќе имаат сè погубно и неповратно влијание врз животот на Земјата, а просторот за делување е скоро исчезнат“, уште минатата година предупреди Талас.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе