Повторно отворени џамиите во кои се случи масакрот во Нов Зеланд

Со мирис на нова боја, двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои минатата недела напаѓач уби 50 верници, денес повторно ги отворија вратите и многу од преживеаните за прв пат зачекорија внатре за да се молат за загинатите.

Во џамијата Ал Нур, каде што белиот расист уби повеќе од 40 верници, молитвите започнаа со силно полициско присуство, но без други потсетници за најлошиот масакр во Нов Зеланд.

Аден Дирие, кој во нападот го загуби својот тригодишен син Мукада Ибрахим се врати во џамијата со пријателите.

„Многу сум среќен“, рече тој по молитвата. „Алах е голем за нас. Веднаш штом обновивме, се вратив на молитва“.

Повеќето жртви на нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го осуди како терористички чин, се мигранти или бегалци и нивната смрт го потресоа исламскиот свет.

Јорданскиот принц Ел Хасан бин Талал, кој ја посети џамијата Ал Нур, рече дека терористичкото дело претставува напад врз човековото достоинство.

„Ова е момент на длабоко страдање за сите нас, за човештвото“, рече тој.

Полицијата објави дека се отвора џамијата во Линвуд, втората што беше нападната минатиот петок за време на молитвата.

По нападот, Ардерн вложи напори за што побрзо да се усвои законот за забрана на полуавтоматското оружје што е користено во нападот на 15 март.

Ашиф Шеик, кој на денот на масакрот бил во џамијата Ал Нур и по нападот загуби двајца блиски, се врати, велејќи дека нападот нема да го одврати.

„Ова е место на кое се молиме, сретнуваме и ќе се враќаме“.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе