Уапсени најмалку десет лица

Повторно насилство на протест во Барселона поради апсењето на раперот (ВИДЕО)

Протестите во Барселона поради апсењето на раперот Пабло Хасел синоќа, по неколкуте мирни денови, повторно прераснаа во немири.

EPA-EFE

Неколку илјади луѓе мирно протестираа синоќа во Барселона, а потоа мали групи насилници почнаа да кршат излози на продавници и прозорци на фирми, вклучувајќи две помали банки.

Полицијата уапси најмалку десет лица, меѓу кои две осомничени за обид за палење на полициско комби.

И во други каталонски градови синоќа имаше протести поради апсењето на Хасел, осуден на девет месеци затвор поради величењето на шпанските милитантни групи и навредување на шпанското кралско семејство.

Тој е осуден за поттикнување тероризам, поради фалењето на две поранешни оружени групи, одговорни за смртта на над 1.000 луѓе во Шпанија, како и за одбивање да плати казна за навредување на поранешниот шпански крал.

Поради насилствата за време или по протестите досега се уапсени над 100 луѓе.

Шпанската левичарска влада пред две недели, пред апсењето на Хасел, објави дека ќе ги укине затворските казни за делата кои се однесуваат на слободата на изразувањето, но тоа засега нема влијание за смирување на протестите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE