Повторно избија пожари во околината на нуклеарката во Чернобил (ВИДЕО)

Во околината на напуштената нуклеарна електроцентрала Чернобил во Украина денес избија нови пожари, чие гасење е отежнато поради силниот ветер, соопштија украинските власти.

Припадниците на вонредните служби успеаја претходно да го изгасат пожарот кој изби во близина на нуклеарката, а украинските власти отфрлија каков било ризик од радијација, пренесува Ројтерс.

Државните служби за вонредни ситуации наведоа дека избиле три нови пожари, кои не се од голем обем и не претставуваат закана.

„Радиоактивното ниво во Киев и неговиот регион е во границите на нормалата“, изјави во видео-обраќање директорот на украинската служба за итна реакција Володимир Демчук.

Според него, повеќе од 1.000 пожарникари ги гасат пожарите.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе