Повторно Германија, повторно убиено дете, повторно осомничен Турчин (ВИДЕО)

Пред само неколку дена беше убиено девојче во Визбаден. Во понеделникот со нож беше избодено друго девојче, додека возела велосипед во градот Вирсен.

Убиената е 15-годишната Јулијана Елена Р. Која возела велосипед во градскиот парк. Таа била избодена со нож, повеќе пати. Германските медиуми пишуваат дека е Романка, но засега не е познато дали имала и германско државјанство.

Локалните медиуми пишуваат и дека девојчето околу пладне во понеделникот била во парк во гратчето Вирсен. Таа била нападната со нож, а нејзините повици ги слушнал бездомник кој веднаш притрчал да ѝ помогне. Таа наводно на германски викала „Јас умирам“, пред да падне на земја. Набрзо починала во локална болница.

Осомничениот, како што неофицијално се дознава, е 25-годишно момче од Турција, кој истиот ден вечерта се пријавил во полиција. Тој од претходно им бил познат на властите, но засега се истражува неговата поврзаност со убиеното девојче.

Германија практично сѐ уште се нема повратено од безмилосното убиство на 14-годишната Сузана од Мајнц. Таа на 22 мај била со друштво во центарот на блискиот Визбаден и вечерта не се вратила дома. Родителите во полиција го пријавиле нејзиното исчезнување и бидејќи станувало збор за малолетничка, веднаш почнала истрагата.

Нејзиното безживотно тело беше најдено две недели подоцна, на 6 јуни, затрупано во дупка покрај пруга во близина на Визбаден. Обдукцијата покажа дека девојчето било силувано, па убиено.

На почетокот сомнежот беше врз двајца извршители. Уапсениот 35-годишен Турчин беше пуштен од притвор, но и понатаму не е исклучено дека бил вмешан во злосторството. Вториот осомничен, 20-годишниот Курд од Турција Али Б. во петокот беше уапсен во северен Ирак, каде што го признал убиството.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе