И понатаму има најголема доверба од републиканските гласачи

Повторно би го поддржале Трамп за претседател

Кога Републиканската партија денес би бирала кандидат за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп би бил убедливиот фаворит, покажуваат резултатите на анкетата на Политико – Морнинг консалт спроведени само неколку дена откако Сенатот го ослободи поранешниот американски претседател од обвинувањата за поттикнување бунт.

EPA-EFE

Меѓу републиканските гласачи 59 отсто кажале дека Трамп има доминантна улога во нивната партија, што е за 18 отсто повеќе во однос на претходната таква анкета, која е направен непосредно по упадот во Капитол на 6 јануари. Малку понизок број анкетирани, 54 отсто, кажале дека би го поддржале Трамп на партиските избори.

Според анкетата, Мајк Пенс кој како потпретседател на САД за време на упадот на поддржувачите на Трамп се наоѓаше во Капитол, би го поддржале 12 отсто од републиканците, додека третото место го делат Доналд Трамп Помладиот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли, која по немирите во Капитол се дистанцираше од поранешниот претседател.

Бидејќи беше ослободен на судењето во Сенатот Трамп избегна забрана за кандидирање за јавна функција, а британски Гардијан истакнува дека е во тек битката за душата на Републиканската партија. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел во понеделникот во Волстрит џурнал го објави својот став дека Трамп нема повторно да биде избран за претседател.

Меконел, кој во Сенатот го поддржа Трамп тврдејќи дека е неуставно да му се суди откако ја напушти функцијата, јасно даде до знаење дека ќе им се спротивстави на кандидатите кои го поддржуваат Трамп, а кои сакаат републиканската номинација на следните парламентарни избори.

Во меѓувреме, демократите не се откажуваат од напорите Трамп да сноси одговорност за насилството во Капитол на 6 јануари.

Демократскиот конгресмен Бени Томсон, кој претседава со одборот за национална безбедност на Претставничкиот дом поднесе вчера пред окружниот суд во Вашингтон граѓанска тужба против Трамп и неговиот личен адвокат Руди Џулијани, обвинувајќи ги за учество во заговор со цел поттикнување на смртоносните немири во Капитол.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе