Повик до Германија: Дајте ни Леопард или Марс

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников ја повика Германија да одобри испорака на тенкови Леопард од други држави.

Фото: ЕПА

„Дајте ни дозвола да нѝ испратат тенкови. Тоа го бараме од Германија: дајте ни ги алатките и ние ќе ја завршиме работата“, изјави Резников за германскиот АРД.

Резников повика на „повеќе од само пријателство и ветувања“.

Украина исто така би сакала да има повеќе „вистинско оружје, како ракетниот фрлач МАРС 2“, рече Резников. Армијата има веќе три, но 12 би биле „уште подобри“. Резников го отфрли дипломатското решение на војната. „Преговорите се соништата на нашите партнери. Тоа не е сон на Украина во моментов“.

Желбата на Украина беше да ја ослободи целата територија што беше привремено окупирана, објасни тој. Шест месеци по почетокот на руската војна против неговата земја, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба апелираше до Германија да не се поколеба во својата солидарност.

Сомнежите само ќе му помогнат на рускиот претседател Владимир Путин, изјави Кулеба за телевизискиот канал Велт. „Одбраната на европската слобода и просперитет е наша заедничка цел. Застанете покрај Украина, победи со Украина“, рече Кулеба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе