Истражување

Повеќето Германци сакаат да продолжат да работат од дома

Повеќето германски вработени сакаат да ја задржат можноста за работење од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, покажува истражување.

EPA-EFE

Социолозите од универзитетот во Констанз интервјуирале околу 700 луѓе кои работат од дома и 56 отсто од нив кажале дека во иднина сакаат барем делумно така и да продолжат.

„Саканиот модел меѓу многу анкетирани е врамнотежена комбинација на работа во канцеларија и работа од дома“, кажаа авторите на студијата предводени од Флоријан Кунц.

И додека 25 отсто од вработените сакаат да работат од дома цело работно време, околу 42 отсто би сакале да отидат во канцеларија два до три пати неделно.

Примерокот на анкетираните, истакнуваат авторите, е репрезентативен за германската работна популација по возраст и по пол.

Иако многу анкетирани признаваат дека работата на далечина не може да го замени социјалниот аспект на заедничката работа и директната комуникација, 45 отсто тврдат дека при работата од дома се поефикасни. Но, многумина се чувствуваат изолирано.

„Во просек дваесеттина отсто од анкетираните се почуствувале осамени и социјално изолирани за време на работата од дома“, заклучиле германските научници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе