Така 73 отсто од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не би требало повторно да стане канцелар.
Само 22 отсто од анкетираните би сакале во блиска иднина да видат враќање на Курц.
Само поддржувачите на ОВП, и тоа 69 отсто од нив, го поддржуваат Курц и сакаат тој да се врати на челото на владата.
Курц, поради отворање истрага против него за проневера и мито, мораше да даде оставка.
Истражувањето на јавното мислење покажува и дека јасно мнозинство од Австријците веруваат дека сигурно има нешто зад обвиненијата.
Само 23 отсто мислат дека обвинувањата се невистинити.