Санта Кларита

Повеќе ранети во пукање во училиште во Калифорнија, напаѓачот на слобода (ВИДЕО)

Најмалку седум лица се застрелани во средно училиште во Санта Кларита, Калифорнија, јавуваат локалните медиуми. Полицијата соопшти дека осомничениот е во бегство.

Пукањето се случило во средното училиште Саугус, на шеесетина километри северно од Лос Анџелес, рано утрово. Локалните медиуми известуваат за седум жртви, но полицијата сè уште не го потврдила овој број.

Полицијата на округот Лос Анџелес соопшти дека осомничениот е Азиец, „облечен во црно“, и е на слобода, а последен пат е виден во училиштето.

Соседните училишта се затворени, а полицијата му препорача на локалното население да ја избегнува областа, додека продолжува полициската потера.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе