Во силно утврдената Зелена зона

Повеќе ракети паднаа кај Амбасадата на САД во Багдад, ги активираа сирените (ВИДЕО)

Најмалку две ракети експлодираа во близина на силно утврдената Зелена зона во Багдад, во која се сместени Амбасадата на Соединетите Американски Држави и други странски дипломатски објекти.

Најмалку две експлозии се случија денеска во близина на Зелената зона, јави Франс прес, повикувајќи се на безбедносни извори, иако останува нејасно дали експлозиите резултирале со жртви.

Видеоснимките што кружат на социјалните медиуми се чини дека прикажуваат област во близина на комплексот, каде што може да се слушнат вклучените сирени.

Нападот се случува по серија слични инциденти последниве неколку недели. Минатиот вторник беа испукани ракети близу Камп Таџи - база на американската коалиција северно од Багдад, при што беше повреден најмалку еден ирачки војник. Неколку дена пред тоа, осум ракети „Катјуша“ ја погодија воздушната база Ал-Балад, друг објект во кој се наоѓаат американски војници, при што беа повредени четири лица од ирачкиот персонал. Ниту една група не ја презема одговорноста за нападите.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе