Повеќе повредени во пукање на пазар во град во Шведска (ФОТО+ВИДЕО)

Во центарот на шведскиот град Трелеборг маж отвори оган во минувачи во доцните вечерни часови.

Како што јавуваат агенциите, мажот пукал во луѓе на улица во стариот дел на Трелеборг, во кој има пазар, голем број продавници и ресторани. Во тој дел од градот навечер се собираат голем број луѓе.

Во нападот, колку што засега се знае, се ранети најмалку четири лица. На лице место веднаш излегле полициски сили и екипи не брзата помош. Полицијата, според локалните медиуми, е во потрага по напаѓачот, а повредени во нападот се префрлени во болница.

Пукањето засега не се третира како терористички напад, пренесуваат агенциите повикувајќи се на полициски извори.

„Добивме повеќе пријави за пукање во Трелеборг. Брзо отидовме на лице место и откривме, на релативно мал простор, повеќе луѓе повредени во пукањето. Некои ранети со огнено оружје, но не сите. Блокиравме делови од градот и истражуваме што се случило“, изјави портпаролот на полицијата.

Трелеборг е најјужниот шведски град, одалечен триесетина километри од Малме.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе