Поради наводни измами за прекувремена работа

Повеќе од половина сообраќајни полицајци на Малта уапсени за измама

На Малта се уапсени повеќе од половината сообраќајци поради наводни измами со евидентирањето на прекувремената работа, соопшти полициската управа на земјата.

Според Ројтерс, поради масовното апсење во вторникот, врвот на полицијата морал да направи вонреден план со кој би било обезбедено неопходното присуство на сообраќајци на улиците.

Во официјалното соопштение на полицијата се наведува дека 30-тина сообраќајци од вкупно 50 колку се во составот на сообраќајната полиција, биле подложени на испрашување во одделот за економски криминал, поради обвинувања дека во последните три години пријавиле стотици часови непостоечка прекувремена работа.

Некои од нив се обвинети за проневера и ненаменско трошење гориво за лични потреби.

Полицијата соопшти дека поранешни припадници на сообраќајната полиција, ангажирани на други работи, биле замолени да се јават на старата должност.

Премиерот Роберт Абела оцени дека добро тоа што полицијата спроведува внатрешна истрага.

„Тоа потврдува дека нашата полиција е функционална. Ако ваквите истраги доведат до луѓе кои заслужуваат дисциплински мерки или да бидат изведени пред суд, тоа и ќе се случи“, кажа тој.

Малта е најмалата членка на ЕУ. Во последните години оваа земја ја тресат скандали поврзани со корупција и финансиски малверзации меѓу политичарите и бизнис елитата.

Абела минатиот месец ја даде премиерската заклетва, откако неговиот претходник поднесе оставка поради слабите резултати на истрагата на убиството на новинарката Дафне Керуана Галиција, која ги откриваше аферите со корупција.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе