Повеќе од 90 проценти од американските војници се повлекоа од Авганистан

Американската армија соопшти дека завршила повеќе од 90 проценти од повлекувањето од Авганистан, кое почна во мај, скоро 20 години од почетокот на нејзината воена интервенција со НАТО по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Фото: ЕПА

„Процесот на повлекување продолжува. Централната американска команда проценува дека завршивме повеќе од 90 проценти од целосниот процес на повлекување“, се вели во соопштението на американската армија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во април објави дека сака да го заврши тоа повлекување пред 11 септември, кога е 20-годишнината од нападот врз САД.

Белата куќа во петокот објави дека последните американски војници ќе ја напуштат територијата на Авганистан пред тој датум, „до крајот на август“.

Американските сили веќе официјално им ја предадоа на авганистанските сили контролата врз седум поранешни американски бази и ја вратија опремата во обем еднаков на товар од 984 авиони Ц-17.

Минатата недела американските сили и НАТО ја напуштија воздушната база Баграм, најголемата во Авганистан, на 50 километри од Кабул, која беше центар на операциите од почетокот на нивната воена интервенција.

Во почетокот на јануари 2021 година Пентагон објави дека американските сили во Авганистан се намалени на 2.500 луѓе.

На крајот на април НАТО почна „координирано“ повлекување на контингентите од својата мисија „Одлучна поддршка“, во која беа вклучени 9.600 војници.

Авганистанските власти распоредија стотици војници и провладини милиции за да се спротивстават на големата офанзива на талибанците на северот. Поради офанзивата, илјада авганистански војници во понеделникот мораа да се засолнат во Таџикистан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе