Трета по ред

Повеќе од 600 масовни пукања во САД оваа година

Во САД имало повеќе од 600 масовни престрелки годишно три години по ред.

Фото: ЕПА
Трета година по ред, САД забележале повеќе од 600 масовни престрелки во една година, покажуваат податоците на непрофитната организација „Архива на оруженото насилство“ (ГВА), а вкупниот број на луѓето загинати од огнено оружје достигна 39.816.

Според организацијата, досега оваа година имало 609 злосторства во кои биле застрелани четири или повеќе лица, не сметајќи го напаѓачот, со што САД се на пат да достигнат 675 масовни престрелки до крајот на годината.

„Недостигаат уште три масовни престрелки за 2022 година да биде втора највисока годишна бројка во земјата откако почнавме да ги следиме податоците“, изјавија во средата истражувачите од базата на податоци на ГВА. До четвртокот, земјата беше на само две пукања од тој мрачен рекорд.

Весникот Хил потсетува дека минатата година имало дури 690 масовни престрелки низ САД, што е зголемување од 610-те во 2020 година и 417-те во 2019 година.

Претходно оваа недела, пет лица беа убиени во масовно пукање во ноќниот Клуб кју во Колорадо Спрингс, а шестмина беа убиени во средата во Волмарт во Чесапик, Вирџинија.

Овие бројки на загинати се само додаток на мрачниот вкупен број на смртни случаи од огнено оружје во САД оваа година, кој според базата на податоци на Архивата за оружено насилство изнесува 39.816.

Повеќе од 18.000 од тие смртни случаи биле убиства, додека околу 21.500 биле самоубиства.

„Пред 2020 година ГВА никогаш досега нема регистрирано месец со над 60 масовни пукања. Тоа се случи пет пати во 2020 година, шест пати во 2021 година и сега повторно шест пати оваа година“, рекоа истражувачите на ГВА по инцидентот во Колорадо.

Соединетите Американски Држави имале просечно по 1,68 масовна престрелка дневно досега оваа година, според ГВА. Просекот е над 1 секоја година од 2019 година, со 1,9 масовни пукања дневно во 2021 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе