Повеќе од 5.000 новозаразени во Токио, нов рекорд

Олимпискиот домаќин Токио потврди повеќе од 5.000 нови инфекции со коронавирусот поради брзото ширење на делта-сојот на вирусот, па експертите стравуваат дека здравствениот систем наскоро би можел да колабира.

Фото: ЕПА

Новозаразените, 5.042 на број, се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразените може да се удвои во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно болни лица.

„Делта-сојот е многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да затвораат порано и не смеат да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрираа 31 новозаразено лице поврзани со Игрите, најмногу досега. Меѓу нив е и еден спортист.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе