Низ целата земја

Повеќе од 3.300 лица уапсени на протестите во 110 града во Русија (ВИДЕО)

Протести за апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални се одржаа во 110 градa во Русија, а досега се уапсени најмногу учесници, 3.320, објавија руските медиуми.

Фото: ЕПА

Веб-страницата Њузру (Newsru.com) објави список на уапсените лица, како и на градовите каде што се одржаа протестите во саботата - од крајнозападниот Калининград до крајноисточниот Владивосток, додека во некои градови температурата достигна до минус 50 степени.

Според податоците на невладината организација „ОВД-инфо“, најмногу апсења имало во Москва и Санкт Петербург - 1.320, односно 490 лица.

Протести се одржаа и во Берлин, Минхен, Прага, Краков, Хелсинки, Хаг, Виена, голем број градови во САД, Тел Авив, Лондон, Токио, како и во Подгорица и Херцег Нови.

Десетици новинари исто така се уапсени, иако имале новинарски ознаки, според Њузру.

Интерфакс објави дека против тројца учесници на протестот во Москва се поднесени обвиненија за употреба на насилство врз полицијата.

Властите соопштија дека се повредени 39 полицајци.

Синоќа соработникот на Навални Леонид Волков соопшти дека протестите ќе продолжат и следниот викенд.

Руската полиција не го објави бројот на уапсените.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе