Веб-страницата Њузру (Newsru.com) објави список на уапсените лица, како и на градовите каде што се одржаа протестите во саботата - од крајнозападниот Калининград до крајноисточниот Владивосток, додека во некои градови температурата достигна до минус 50 степени.
Според податоците на невладината организација „ОВД-инфо“, најмногу апсења имало во Москва и Санкт Петербург - 1.320, односно 490 лица.
Протести се одржаа и во Берлин, Минхен, Прага, Краков, Хелсинки, Хаг, Виена, голем број градови во САД, Тел Авив, Лондон, Токио, како и во Подгорица и Херцег Нови.
Десетици новинари исто така се уапсени, иако имале новинарски ознаки, според Њузру.
Интерфакс објави дека против тројца учесници на протестот во Москва се поднесени обвиненија за употреба на насилство врз полицијата.
Властите соопштија дека се повредени 39 полицајци.
Синоќа соработникот на Навални Леонид Волков соопшти дека протестите ќе продолжат и следниот викенд.
Руската полиција не го објави бројот на уапсените.