Повеќе од 30 мртви, 100 повредени во стампедо во ирачкото шиитско светилиште

Повеќе од 30 верници загинаа, а десетици се повредени во стампедо во ирачкиот град Карбала на шиитскиот свет ден Ашура.

Тоа е најсмртоносно стампедо во поновата историја на Ирак за време на Ашура, чии комеморативни поворки претходно беа мета на сунитските екстремистички групи.

Во вторникот стотици илјади шиитски верници од целиот свет ја преплавија Карбала за да ја одбележат смртта на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Преполната поворка од верници, во црно облечени, се искачиле кон неговото светилиште со златна купола, на околу 100 километри јужно од Багдад, носејќи знамиња и извикувајќи: „Се жртвуваме за тебе. О Хусеин!“

До последната етапа од Ашура, немало инциденти. Но, на крајот на денот, за време на обредната трка кон мавзолејот, кога верниците се удираат по глава во жалост со извици „Се жртвуваме за тебе, Хусеин“, дошло до буткање и гужва, соопшти Министерството за здравство.

Како што масата притискала нанапред, избило стампедо во кое загинаа најмалку 31 лице, а 100 се повредени, според ирачкото Министерство за здравство.

Портпаролот на Министерството, Саиф ал-Бадр рече дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи 10 од повредените се во критична состојба.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе