Повеќе од 2.000 лица починаа од коронавирусот, заразени во 28 земји

Коронавирусот се рашири низ целиот свет откако во Кина во декември беше откриен првиот случај, а до денес, најмалку 2.000 лица починаа, а над 75.000 се заразени.

Како што јави Си-ен-ен утрово, најмалку илјада потврдени случаи се пријавени во 28 земји, а повеќе од половина од случаите се пријавени на крузерот „Дијамантска принцеза“ чии патници тукушто излегуваат од карантин.

Досега надвор од Кина починаа шест лица, две во Хонг Конг и по едно лице во Јапонија, Тајван, Франција и Филипините.

Еве го списокот на заразени по земји:

Австралија - најмалку 15 заразени;

Белгија - најмалку 1 заразен (откако девет повратници од Вухан пристигнале во Белгија, потврдено е за еден од нив дека има коронавирус);

Камбоџа - најмалку 1 заразен;

Канада - најмалку 8 заразени;

Египет - најмалку 1 заразен;

Финска - најмалку 1 заразен;

Франција - најмалку 12 заразени, 1 мртов (во Франција почина кинески турист. Тоа е прва смрт од коронавирусот во Европа);

Германија - најмалку 16 заразени;

Хонг Конг - најмалку 62 заразени, 2 мртви (од коронавирусот во Хонг Конг починале 39-годишник и 70-годишник);

Индија - најмалку 3 заразени;

Италија - најмалку 3 заразени;

Јапонија - најмалку 68 случаи, 1 смрт плус 454 заразени на крузер (од коронавирусот почина 80-годишна жена);

Макао - најмалку 10 заразени;

Малезија - најмалку 22 заразени;

Непал - најмалку 1 заразен;

Филипини - најмалку 3 заразени, 1 смртен случај (почина 60-годишна жена, која дошла од Вухан);

Русија - најмалку 2 заразени;

Сингапур - најмалку 81 заразени;

Јужна Кореја - најмалку 46 заразени;

Шпанија - најмалку 2 заразени;

Шри Ланка - најмалку 1 заразен;

Шведска - најмалку 1 заразен;

Тајван - најмалку 22 заразени, 1 мртов;

Тајланд - најмалку 35 заразени;

Обединети Арапски Емирати - најмалку 9 заразени;

Велика Британија - најмалку 9 заразени;

САД - најмалку 15 заразени;

Виетнам - најмалку 16 заразени.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе