Повеќе од 200 лица уапсени на протест во Москва, уапсен и Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе од 200 лица, меѓу кои и лидерот на опозицијата Алексеј Навални се уапсени денес, при обидот на полицијата да го растури мирниот протест во Москва против наводното неказнување на агенциите за спроведување на законот.

Протестот на повеќе од 1.000 луѓе ја активираше руската полиција во опрема за немири, при што демонстрантите извикуваа „вие сте криминалци“ и „стоп за полицискиот терор“.

Московската полиција соопшти дека во протестот учествувале околу 1.200 лица и повеќе од 200 се уапсени.

Дописници на АФП сведочеле на десетици апсења што се одвива за време на државниот празник Денот на Русија.

Додека полицијата ги влечела демонстрантите во комбиња, толпата извикувала: „Срамота, на Денот на Русија, ова е ден на нашата земја! Дали го заборавивте уставот?“

Некои од уапсените носеле маички за поддршка на Иван Голунов, истражувачкиот новинар кој минатата недела беше уапсен поради обвиненија за поседување и намера за продажба на наркотици.

Еден уапсен активист на прозорецот на полициското комбе истакна плакат со зборовите: „Јас сум Иван Голунов“.

Најмалку четворица новинари се уапсени, меѓу кои и продуцент на германскиот весник Дер Шпигел.

„Властите многу се уплашени од фантастичната и едногласна солидарност во случајот на Голунов“, напиша Навални на Твитер.

„Затоа нив им е важно да ја уништат заедничката солидарност, а потоа да ги заплашат и да ги затворат оние кои инсистираат (на реформи)“.

Апсењето на Голунов предизвика бес и невидена солидарност меѓу Русите, со тоа што во понеделникот три главни весници ја објавија истата насловна страница: „Јас сум/ние сме Иван Голунов“ со огромни букви.

Протестот за денес првично беше повикан да се изврши притисок да се ослободи Голунов, кој потоа одеднаш беше ослободен со повлекување на обвиненијата против него, воочи протестот по неколкудневното незадоволство на јавноста.

Многумина сметаат дека ослободувањето на Голунов е обид на Кремљ да го уништи новиот бран протести.

Демонстрантите повикуваа на реформи на руските агенции за спроведување на законот и жртвите од полициската злоупотреба да се ослободат од затвор.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе