Повеќе од 200 имигранти насилно влегоа во Полска, вратени се во Белорусија

Повеќе од 200 илегални имигранти од Белорусија насилно ја поминаа границата и влегоа на територијата на Полска, соопшти денеска портпаролката на Полската гранична стража Ана Михаљска.

Фото: ЕПА

Пробивот се случил синоќа околу 19 часот на делницата на граничниот одред во Черемша, пренесоа РИА Новости.

Мигрантите се однесуваа агресивно, ги гаѓаа со камења и со стапови силите на безбедноста, а белоруските служби активно ги поддржуваа, додаде Михаљска.

„Околу 230 лица поминаа на полска страна на оддалеченост од неколку метри. Тие се приведени и вратени на граничната линија”, прецизираше таа и додаде дека седум лица останале на територијата на Полска, а петмина, на кои им била потребна медицинска помош, биле хоспитализирани.

„Беа исцрпени, учествуваа во нападот на нашата граница. Имаат разни гребаници. Знаеме дека состојбата им е стабилна. Лекарите велат дека по неколку часа ќе можат да излезат од болницата“, заклучи Михаљска.

Според податоците на Граничната служба, на територијата на Белорусија во близина на границата се наоѓаат неколку илјади мигранти, кои имаат намера илегално да влезат во Европска Унија.

Полската служба во текот на минатиот ден забележала 375 обиди за илегален влез, а 56 луѓе ќе бидат протерани од земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе