Повеќе од 1.300 лица се приведени низ цела Русија во задушувањето на антивоените протести (ВИДЕО)

Повеќе од 1.300 лица се приведени во средата во 38 градови низ Русија во задушувањето на антивоените протести, според независната група за набљудување на протести ОВД-Инфо.

Фото: ЕПА

Групата рече дека бројката вклучува најмалку 502 лица во Москва и 524 лица во Санкт Петербург, пренесе Си-ен-ен.

Демонстранти излегоа на улиците во неколку градови во Русија за да протестираат против декретот на претседателот Владимир Путин за делумната мобилизација на резервистите во вооружените сили на земјата.

Демонстрантите во Москва извикуваа „Не на војната! и „Живот за нашите деца! објави новинската агенција Асошиетед прес.

Во Санкт Петербург, демонстрантите извикуваа „Не за мобилизацијата".

„Сите се исплашени. Јас сум за мир и не сакам да бидам приморан да пукам. Но, излегувањето сега е многу опасно, инаку, ќе имаше многу повеќе луѓе", рече демонстрантот Василиј Федоров, студент кој носел пацифистички симбол на градите.

„Дојдов да кажам дека сум против војната и мобилизацијата", изјави за АФП Оксана Сидоренко, студентка.

„Зошто ја одлучуваат мојата иднина наместо мене? Се плашам за себе, за мојот брат", додаде таа.

И покрај строгите закони на Русија против критикување на војската и војната, протести се одржаа низ целата земја.

Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше Министерството за внатрешни работи дека ги прекинало обидите за „организирање неовластени собири“.

Сите демонстрации се прекинати, а оние кои извршија „прекршувања“ беа уапсени и одведени од полицијата во очекување на истрага и постапка, се додава.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе