Повеќе од 13 милиони заразени во светот, Америка повторно се затвора

Бројот на пријавените случаи на зараза со коронавирусот во светот денес надмина 13 милиони. За само пет дена, од 8 јули до денес бројот на нови случаи скокна за милион. Најмногу случаи има во САД, речиси три и пол милиони. Следат Бразил, Индија, Русија и Перу.

EPA-EFE

Американскиот претседател Доналд Трамп се фокусираше на реизборот за Белата куќа, а локалните и државните лидери во исто време се борат со вирусот во своите држави.

Трамп нареди повторно отворање на САД, а со самото тоа и на американската економија, но тоа набрзо доведе до ширење на коронавирусот и од Соединетите Американски Држави направи најголемо жариште на вирусот.

Затоа сега локалните и државните лидери се вртат кон повторно затворање на своите заедници и држави.

Си-ен-ен пишува дека Трамп форсира да ја отвори земјата додека се полнат болниците.

Бројот на случаи во САД е на 60.000 дневно па челниците на државите немаат многу избор освен заострени мерки против инструкциите на претседателот.

Така во Тексас градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер предложи затворање на две недели, а неколку дена претходно републиканскиот гувернер на таа држава Грег Абот побара построги мерки и наложи задолжително носење маски.

Западна Вирџинија неодамна ги затвори кафичите и баровите, во Калифорнија се затворени сите ресторани без тераси, винариите и винотеките, кино-салите, зоолошките градини, музеите и кафичите.

Лос Анџелес и Сан Диего веќе најавија дека децата новата школска година ќе ја посетуваат само онлајн. Орегон забрани собирања на повеќе од 10 луѓе поради алармантниот пораст на бројот на случаи.

Кентаки фрајд чикен на Флорида, во Тексас, Оклахома и Калифорнија им порача на рестораните да ја затворат опцијата за ручек во ресторано и да биде достапен само драјвин.

Во меѓувреме најмногу случаи во еден ден забележа Флорида, ги има повеќе од осум други држави во САД.

За пандемијата прозборе и главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи кој кажа дека брзото отворање на земјата довело до пораст на заразата.

„Јасно е, а тоа го знаеме по бројни други држави, ако физички ги одвоите луѓето, до точка вирусот да не може повеќе да се шири... Знаеме дека тоа можеме да го постигнеме со затворање“, кажа тој.

Трамп ги отвори градовите и државите во САД, иако дел од нив веќе се затвораат. Тврдеше дека пред САД е транзиција, а рестрикциите кои ги укина доведоа до придвижување на бизнисите во големите градови, што пак доведе до пад на невработеноста.

Но, сѐ би можело да се смени ако ширењето на вирусот продолжи бидејќи нема гаранции дека вирусот нема да се врати и во градовите во кои сега е подобра ситуацијата, како Њујорк или во државите како Масачусетс.

Но, Си-ен-ен пишува дека на Трамп тоа не му е важно бидејќи е фиксиран на она што е важно за него лично.

Тој до неодамна бараше децата да се вратат во училиштата, иако нема план како нивното враќање да биде безбедно. Кажа потоа дека неговите политички непријатели не сакаат децата да се вратат во училиште за да му наштетат.

„Мислам дека тие сметаат дека ќе поминат подобро ако ги остават училиштата затворени за време на изборите. Мислам, искрено, дека тоа нема да им помогне, но тоа е лошо за земјата. Затоа е добро за нив“, кажа Трамп.

„Трамповата опседија со политичкиот напредок е силата која ја води неговата администрација. Домашната политика е дизајнирана речиси исклучиво за да се наградат најлојалните и најрадикалните гласачи, а странската политика за да се создаде привид со претседателот во главната улога“, пишува Си-ен-ен и додава дека тоа е неговата Ахилова пета која го направи само третиот претседател во историјата на САД против кој е почната постапка за отповикување поради злоупотреба на овластувањата.

Се додава и дека поради тоа што сега заостанува зад противкандидатот Џо Бајден, е неговата главна причина зошто сака да ја отвори економијата.

„Отворањето на училиштата е клучно за враќање на економијата, но и за привидот дека Америка се враќа на нормалниот живот. Додека децата не се вратат на училиште бројни родители не можат да се вратат на работа, а тоа влијае врз економијата“, оценува Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе